вторник, август 16, 2022

Груби – Гарсија: Шпанија го поддржува европскиот пат на Северна Македонија

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, г. Хозе Луис Лозано Гарсија на кого му посака успех во новата мисија во земјава.

На средбата Груби и Гарсија оценија дека пријателството и билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија се на високо ниво и дека пријателството треба дополнително да се продлабочува во сите области.

Неодамнешните политички случувања во земјата и регионот, како и конфликтот меѓу Руската Федерација и Украина исто така беа дел од разговорот меѓу Груби и Гарсија, каде беше констатирано дека Република Северна Македонија е на иста линија со демократскиот свет осудувајќи ја руската агресија.

Процесот на имплементација на Охридскиот Рамковен Договор – нормативниот дел, почитувањето на човековите права и слободи беше дел од разговорот меѓу Груби и Гарсија, додека во текот на оваа средба се разговараше и за процесот на пописот на население кој заврши минатата година и дека се очекува резултатите да бидат објавени за неколку дена.

На оваа средба Груби го информираше шпанскиот амбасадор за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Република Бугарија, воспоставувањето дијалог и акцискиот план на работните групи, при што беше констатирано дека поддршката на Шпанија во процесот за интеграција во ЕУ не треба да запре, туку да продолжи во духот на разбирањето.

Груби, исто така, побара Европската Унија да биде поприсутна во Југоисточна Европа и да ја конкретизира својата политика за проширување и безбедност со итно започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Të fundit