„КОРУПЦИЈАТА УБИВА“, ТОПАЛОВА: Ниту едно општество не може да биде демократско ако е корумпирано

Борбата против корупцијата останува заедничка цел, особено во Северна Македонија, каде постои ниска перцепција за овој разурнувачки феномен за институциите и општеството.
Во видео порака за подигање на свеста за борбата против корупцијата, истражувачката новинарка Катерина Топалова вели дека сите оние кои учествуваат во корупцијата имаат заедничка корист и во исто време заеднички интерес да молчат.
„Улогата на новинарот е да биде коректор на општеството. Ако не зборувате за корупција, тогаш сте ко-учесници “, вели Топалова во оваа видео-порака.
Таа исто така истакнува дека секоја корумпирана влада стравува од слободните медиуми. „Ниту едно општество не може да биде демократско ако е корумпирано“.
Оваа видео-порака е објавена во рамките на проектот „Корупцијата убива“ што го спроведува Здружението за промоција на мултимедијални уметности ИНВИ ИДЕА со седиште во Гостивар. Активноста е дел од проектот „Заедно против корупцијата“, спроведен од Центарот за истражувачко на новинарството СКУП-Македонија, Центарот за развој на медиуми МЕДИУМ и Институтот за човекови права, а е финансиран од Европската унија (ЕУ).