ИНТЕРВЈУ, ФАДИЛ ЦАНА: ВО СЛУЧАЈ НА ВТОР БРАН НА ЕСЕН, ВИРУСОТ ЌЕ БИДЕ ПОБЛАГ

Може ли коронавирусот повторно да се врати во есента дури и ако исчезне во текот на летото? Цана вели да. Затоа тој апелира за мобилизација и реформа на здравствената власт во земјата за да биде спремна да се соочи со таква можна опасност.
Од првиот позитивен случај со вирусот КОВИД-19 во Северна Македонија, докторот инфектолог Фадил Цана е вклучен во Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој ги третирал скоро сите 1642 случаи, од кои 1136 се излечиле, 415 сè уште се излечени, а 91 починале.
Цана вели дека кривата има тренд на опаѓање, но борбата против вирусот сè уште не е добиена. Тој го споменува случајот во Сингапур, каде по намалувањето на бројот на заразени лица се појави ослободување на мерките, потценувајќи го притоа ризикот, што доведе до силно враќање на болеста.
КДП: Колку е веројатно дека ќе има втор бран и каква моќ може да има вирусот?
Фадил Цана: Веројатноста за појава на втор бран е реална и ова е предмет на проучување за што е потребно посебно внимание од здравствените власти.
Она што е досега познато од сите непознати што ги има овој вирус е фактот дека без вакцина и без широк имунитет, повторното појавување е неизбежно. Пример за аларм за ова е искуството на Сингапур, земја која имаше ненадејно „заживување“ на инфекции, и покрај тоа што беше пофалена за раното лекување на појавата. Ова искуство, иако е многу специфично, ја демонстрира можноста на вирусот силно да се врати на густо населените места и да ја искористи секоја слабост на институциите за јавно здравје, создадени за борба против овие појави.
Јас мислам дека доколку имаме втор бран на вирусот, тој ќе биде поблаг, затоа што дел од популацијата веќе доаѓа во контакт со вирусот и се стекнува со имунитет. Истовремено, вирусот што минува од еден на друг ја губи својата вирулентност и агресивност, а повеќето од луѓето се веќе запознаени со болеста, така што верувам дека нивното однесување нема да го „иритира“ вирусот.
КДП: Колку капацитет има здравството во Северна Македонија за да се справи со посериозно појавување на есенската криза?
Фадил Цана: Верувам дека Северна Македонија има капацитет да се справи со хипотетички посериозна појава на криза во есен, доколку здравствените власти добро управуваат со своите ресурси и го користат овој период на смиреност за правилно подготвување на капацитетите и соодветната обука на медицинскиот персонал.
КДП: Што треба да се стори за да се подготвува здравствениот систем да се справи со евентуален втор, помоќен бран?
Фадил Цана: Како прво, раководните служби на клиничките болници во Тетово, Штип и Битола мора веднаш да се реорганизираат и да се сменат, а зошто да не и на неколку општи болници од другите градови, кои во текот на првиот бран се покажа дека воопшто не заслужуваат статус на болници и клинички. Општо земено, како во однос на организацијата така и од подготовките за справување со оваа состојба, се осмелувам да кажам дека тие повеќе наликуваа на селски ординации отколку на секундарни здравствени установи.
Вториот важен сегмент на организирањето е да се продолжи да се зголемува капацитетот за снабдување со лична заштитна опрема и друга здравствена опрема – доволен број болнички кревети, вклучувајќи единици за интензивна нега, обезбедување на лекови и потребни фармацевтски производи во единиците за интензивна нега и реконструкција на складишта за опрема.
И трето е потребата за зајакнување на соодветниот капацитет за набљудување. Ова значи зајакнување на капацитетот за тестирање во големи размери за откривање и следење на ширењето на вируси, следење на контакти и можности за изолирање на позитивни лица со COVID-19. Исто така, треба да има капацитет за серолошко тестирање.