За убава година потрудете се сами, на никого не му е гајле за вас

На првиот ден од Новата Година не е време за политичко мудрување. Проблеми има, минатата 2019 не донесе решенија. Така ќе биде и со 2020 ако не се потрудиме сами.
Предлогата транзиција, политичката нестабилност, лошата економија, финансиската неиздржливост, постојаната изолираност константно носат лоша енергија. Колективно станавме нервозно општество, немаме трпение во банка, на семафор, на каса во супермаркет…
Прогрес нема и нема да има доколку индивидуата не почувствува благодет. Задоволниот човек ќе се потруди и за општеството.
Празниците се време за убава мисла. Не е ова порака од „Семе синапово“, тимот на КДП со неколку приоритети сака да ве потсети за основните вредности кои би требало да ни бидат на врвот во 2020-та. Да не се лажеме, за убава година-мора да се потруди секој од нас. Не е новина дека на никој не му е гајле за вашите проблеми.
- Нема универзална дефиниција за среќата! Направете ја својата!
- Грижете се за личното и за здравјето на ближните.
- Не ја уништувајте природата. Таа не е сопственост на никого, таа е дел од нас!
- Подигнете ја свеста за општото добро!
- Еден не е ништо, група се многу и можат да направат промени!
- Не чекајте промени! Бидете дел од нив!
Среќна Нова Година!