Дајте ни решение, а не избори!

Aвтор: Сефер Селим Јр.
Закажување на датумот за предвремени избори во април 2020 година, ги стави во движење партиските мотори, најавувајќи долга предизборна кампања и најверојатно жестока за да се добие идната власт.
Ако се оди добро како што треба, Северна Македонија ќе биде реизбрана за членка на НАТО, што беше еден од двата стратешки приоритети од нејзиното осамостојувањето од Југославија. Француското вето на претседателот Макрон за започнување на преговорите беше силен удар за втората стратешка определба, членството во Европската Унија. Овој удар, најверојатно, ќе доминира во предизборната реторика и наратив од сите страни, обидувајќи се да постигне политички резултат преку „играта на виновникот“. Но, целиот овој мастер наратив ризикува да одвлече од фокусот на својствената дебата за виталните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и да се донесе одлука за избор помеѓу ЗА или ПРОТИВ владата.
Иако не можеме да избегаме од истото, опозициските партии, особено опозициските политички партии меѓу Албанците, не треба да паѓаат во оваа стапица како што паѓаа со години. Опозицијата има огромна потреба да ја смени својата опозиција и својата понуда со што им се пристапува на гласачите. Инсталираните концепти од партиите кои доминираа на политичката сцена изминативе 20 години, дадоа ист резултат, инсталирајќи вечна моќ и опозиција, па затоа мора да размислуваат за тоа како да бидат не само замена за тоа вечно спротивставување, туку алтернативна владејачка вистина што ќе го извади албанскиот гласач од дводецениското статус кво.
Бегството од партискиот клиентелизам – Победата на странско тло е секогаш многу потешка, така што бегството од политички клиентелизам треба да биде првата битка што албанската опозиција треба да ја добие со политичкиот менталитет. Политичката понуда мора да се заснова на еднакви шанси, борба против дискриминација врз која било основа на припадност, вклучително партиска припадност, инсталација на меритократија, а не врз основа на индивидуални ветувања за вработување во државна администрација од страна на локалните патрони на партиите, за тендери и пристап во привилегиите што ги дава власта.
Реалните проблеми на граѓаните – Масовното бегство на младите и граѓаните на оваа земја не е само од економски причини, туку од многу фактори кои директно влијаат на општата благосостојба, односно на индивидуалната благосостоја. На опозицијата и е лесно – идентификувањето на овие фактори и сериозно пристапување со конкретно решеније е алтернативна програма за управување. Претпоставките, празните критики без никакви конкретни решенија се рецептите како да се остане во опозиција. Удобноста на статус-кво, дури и кога е штетна, е многу поприфатлива од непознатата иднина, па за да се предизвика истиот обичниот граѓанин бара предвидливост, најјасно и најпрагматично дека ќе таа ќе биде подобра од сегашноста.
Не е доволно само гласањето против – Политичкиот концепт на опозицијата досега се заснова на утврдување на актуалната состојба со ставање бесконечен акцент на лошите. Ова е доволно за да се создаде колективна депресија и честопати резултира во социјално незадоволство, кое незадоволство ако не успее да се канализира во политички капитал, се враќа во бумеранг на социјален очај од која нема корист никој, па дури и опозицијата. Човекот е воден од надеж и надежта е единствениот катализатор што може да донесе промени. Ако опозицијата не успее да го претвори социјалното незадоволство во надеж за граѓаните, таа ќе биде ограничена само внатре во сопствениот партиски табор за мобилизирање на милитантите кои се веќе поделени. Гласот ПРОТИВ никогаш нема да биде владејачка алтернатива.
Од народниот национализам до прагматичен патриотизам – Балканот е познат по својот национализам кој во најголем дел е популистички, народен и манипулативен. Да пееш една позната песна за публиката може да ти аплаудираат, но тоа ве прави само друг сценски изведувач кој не произведува нови општествени вредност. Одговорните лидери не зборуваат за тоа што сака да слуша народот, туку зборуваат за тоа што им треба на народот и покрај моменталните преференции на јавноста. Дисасоцијација од народниот национализам што произведува само поделба и непријателство и неговото заменува со прагматичен патриотизам кој се однесува на реалните проблеми на граѓаните, засновани врз вредностите на поединецот како дел од општеството и не привилегиите засновани на припадност, што ја има во суштината на политичката акција личниот и професионалниот интегритет преку индивидуални примери, е патот што мора да го следи опозицијата. Една популистичка победа може да ги доведе на власт, но шлаканицата на казнување е далеку поголема од сегашните привилегии што ги нуди моќта.
Демократијата е најтешкиот политички систем што доаѓа со многу очај од момент во момент, но неговата суштина лежи во конкуренцијата на идеи, концепти и визии. Медиокретските политички понуди може да бидат замена, но не и промена што им е очајно потребна на граѓаните.
Овој пат дајте ни решение, а не уште еден пар избори!